ljupconastoski

Настоски: Посакуваме успешна и одговорна работа од сите советници

Охрид, 19. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Честитки до новиот градоначалник на Охрид Јован Стојаноски за добиениот мандат, до Д-р. Митко Тилев за коректната и културна кампања, до независниот кандидат за градоначалник Стевче Стевоски за храброста, упорноста и истрајноста испрати носителот на независната листа за советници Љупчо Настоски.

– Посакуваме успешна и одговорна работа од сите советници кои добија мандат во советот. Би сакале да ја изразиме нашата огромна благодарност до сите граѓани кои ја поддржаа нашата единствена независна советничка листа. Посебна благодарноат до целиот тим кој работеше со нас во текот на целата изботна кампања. Нашата општествена одговорност, хуманост и помош ќе ја изразуваме во рамки на нашите можности без разлика што не сме учесници во новиот состав на Советот на Општина Охрид, истакнува Настоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива