stand_up_640x360

Стенд ап шоу на Никола Тодороски и Марјан Ѓорѓиевски во Џез Ин

Охрид, 22.октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во клубот Џез Ин стенд ап шоу повторно ќе имаат Никола Тодороски и Марјан Ѓорѓиевски.

На специјално барање на нивните фанови, овие двајца актери репризно ќе го изведат својот најнов материјал. За загревање на атмосферата ќе се погрижат Зоран Донев и Илија Богданоски.

Почетокот на шоуто е во 21:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива