svetski den audiovizuelno

Светски ден на аудиовизуелното наследство

Скопје, 27. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се одбележува Светскиот ден на аудиовизуелното наследство како иницијатива на УНЕСКО и на Координативниот совет на здруженијата на аудиовизуелни архиви во насока на подигнување на јавната свест за важноста на заштитата на овој вид записи.

Годинашното мото под кое се одбележува 27-ми октомври е „Откриј, запомни и сподели“.

По повод одбележувањето на овој ден, Кинотека на Македонија ги отвора вратите на своите работни простории и депоа за студентите, ученициите, колегите од средните институции и секторот за заштита на културно наследство, како и за љубопитните граѓани.

27-ми октомври беше избран како Светски ден на аудиовизуелното наследство од УНЕСКО во 2005 година, а целта е подигнувањето на јавната свест за институциите кои помагаат да се зачува овој вид културно наследство и покрај многуте фактори што го згрозуваат неговиот опстанок. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива