Избор Охрид

Во Охрид заврши работилницата за фотографии за свадбени церемонии

Охрид, 27. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Вчера во Охрид заврши работилницата за професионални студија и фотографи, кои се занимаваат со снимање и фотографирање на свадбени церемонии.

svadbenifotografii1

Тридневната работилница ја организираа претставниците на Zaga Production, студио за фотографија од Битола.

– Направени се величествени фотографии на работилницата. Се работеше во неколку современи техники на фотографирање, како REAL 4K, правење кратко видео, менаџирање на снимените материјали во студио, снимање и фотографирање на парови, уредување и правење на њубовна приказна преку фотографија и видео, уредување и врамување на професионални фотографии и слично, велат Бојан и Далибор Митковски, основачи на студиото Zaga Production од Битола.

svadbenifotografii2

Работилницата беше во ко-соработка со фотографското студио „Haldigital“ на Христо Лазаров. Дел од тимот беа и фотографите Горан Георгиевски и Петар Тасевски.

 

svadbenifotografii3

Учесниците во работилницата имаа предавања и мастер клас во хотелот „Милениум“ во Охрид, додека фотографирањето се одвиваше на терен на повеќе локации низ охридската ривиера. Пејзажите на Охрид беа дополнителен елемент на фотографиите кои беа направени. На професионалните фотографии се најдоа модели – личности, кои беа пријавени како дел од оваа работилница. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Zaga Production

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука