sisvetilesani

Осветена црквата „Покров на Пресвета Богородица“ во Лешани

Охрид, 30. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во манастирскиот комплекс „Сите Светии“ во селото Лешани вчера беше осветена црквата посветена на „Покров на Пресвета Богородица“. Црквата почна да се гради во 2012 година, најголем дел со манастирски средства и со донации од верниците.

Осветувањето го извршија митрополитот на Дебарско-кичевската епархија владиката Тимотеј, заедно со свештенството и старешината на манастирот отец Вартоломеј.

– Овој храм да го прими Бог како дар од нашата љубов и вера во него, како и благодарост за сите добрини што ги излеа врз нас, по молитвите на Пресвета Богородица и Сите Светии, изјави отец Вартоломеј.

Идејата за изградба на црквата дошла по појавата на чудо во манастирскиот комплекс на денот на зачнување на света Ана – 22-ри декември во 2004 година, кога се појавила силна светлина, во четири снопа. На две минути пред полноќ комплексот бил осветлен како напладне, а точно на полноќ четирите пламени снопови се собрале во сред манастирски двор и исчезнале. На 12 јули следната година на влезната врата од манастирскиот комплекс се појавил неракотворниот лик од Пресвета Богородица, а под нејзиниот лик раката на Господ Исус Христос, кој ги благословува сите добронамерни верници што одат на поклонение. (Крај)

извор: А1Он фото: архива