melissabell

Почина Melissa Bell, вокалистката на Soul II Soul

Лондон, 30. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Melissa Bell, поранешен главен вокал на познатата британска група Soul II Soul, почина на 53-годишна возраст.

Ќерката на Bell, Alexandra Burke, ја потврди веста за смртта на нејзината мајка преку објава на Twitter, во која вели дека ќе ја памети по нејзината „безусловна љубов, поддршка, сила, харизма и храброст“.

Melissa Bell беше дел од групата Soul II Soul од 1993 до 1995. Ја напушти групата во 1999 година, по што започна соло кариера. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива