Избор Партии Струга

Рамиз Мерко е новиот градоначалник на Струга

Струга, 30. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Рамиз Мерко од редовите на ДУИ е новиот градоначалник на општина Струга.

Според резултатите објавени од Државната изборна комисија, во вториот круг од локалните избори кои се одржаа вчера,  Мерко освоил 13.945 гласови, а неговиот противкандидат Зијадин Села добил доверба од 13.157 гласачи.

Рамиз Мерко беше градоначалник на Струга во два мандати, во периодот од 2005-та до 2013-та година. (Крај)

извор: ДИК фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука