Од полноќ поскапуваат горивата
Охрид/Скопје, 30. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од ноќеска на полноќ за половина до еден денар поскапуваат бензините и дизел горивата, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Литар Еуросупер БС -95, еуродизел (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за еден денар, па новите цени ќе бидат 64,52,односно 42,50 денари.
Еуросупер БС-98 ќе се точи по цена повисока за половина денар, па новата цена ќе биде 65,50 денари.
Поскапува мазутот М-1 НС и од полноќ ќе се продава за 26,795 денари по килограм. Овие цени ќе важат во следните 14 дена. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |