Ќе се реконструира делницата Подмоље-Струга-Ќафасан
Струга, 1. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ќе се реконструира патниот правец Подмоље-Струга-Ќафасан.
Според најавите од министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески во наредните две години ќе се реконструираат 26 патни правци на територијата на Република Македонија, а меѓу нив се најде и патниот правец Подмоље-Струга-Ќафасан.
За реконструкција на оваа делница во должина од 19 километри проценетата вредност е 3 милиони евра.
Инаку, за реконструкција на патната мрежа во вкупна должина од над 420 километри, ќе се вложат 86 милиони евра. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |