ivananoemvri

Ивана Коскоска од OhridSUPERSTAR со фантастичен cover на One Night Only на Jennifer Hudson (Видео)

Охрид, 2. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Финалистката на Талент шоуто Ohrid SUPERSTAR, младата и талентирана Ивана Коскоска со ново музичко изненадување за публиката.

Таа летово имаше забележителниот настап на 14-тото издание на Арт Фестивалот „Езерски Бисери 2017“, каде ја освои титулата „Лауреат од III степен“. Ивана деновиве направи cover верзија на познатиот хит на Jennifer Hudson – One Night Only.

Проследете ја нејзината фантастична изведба.
Неодамна Ивана ја обработи и песната „Како тебе нема друга“ на Влатко Лозаноски. Погледнете ја и оваа изведба на талентираната охриѓанка.

Повеќе информации за Ивана ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива