benzin

Министерството за финансии предлага зголемување на акцизата за нафта за 3 денари

Скопје, 2. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Акцизата за нафта ќе се зголеми за 3 денари и тоа во буџетот ќе донесе 1,6 милијарди денари кај акцизата и 350 милиони денари кај ДДВ.Министерството за финансии предлага од почетокот на наредната година да се зголемат акцизите на дериватите.

Со зголемување на акцизата и ДДВ-то цената на дизелот ќе биде повисока за 3,5 денари.

Во рамки на Буџетот за 2018 година планирани се вкупни приходи на 193, 5 милијарди денари, односно 4,7 отсто повисоки од годинава. Расходите се планирани на 211, 7 милијарди денари, односно 4,1 отсто повисоки од годинава. Буџетскиот дефицит ќе изнесува 18, 2 милијарди денари, односно дефицит од 2,7 отсто од БДП.

Овие мерки предложени од Министерството за финансии се дел од предлог буџетот за 2018 година кој во моментов е на јавна расправа пред да биде пратен во Владата, која пак до 15-ти ноември треба да го прати во Собранието. (Крај)

извор: Фактор фото: архива