osnoven_sud_skopje_1_640x360

Паднаа пресудите за „Дива населба“, изречени 7 доживотни казни

Скопје, 2. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Седум доживотни казни затвор, 13 по 40 години, шест по 20 години, една од 18 години, две од 14, две од 13, две по 12 години затвор им одреди денеска Кривичниот суд на обвинетите за настаните во кумановската „Дива населба“ во мај 2015 година во кои загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили.

Од вкупниот број на 37 обвинети, 33 се прогласени за виновни. Обвинетите се гонеа за две кривични дела: тероризам и организарање во терористичка група.

Четворица од обвинетите, пак добија и ослободителна пресуда бидејќи како што истакна судијката, обвинителството не доставило доволно докази.

Покрај досудените казни, обвинетите добија задолжување од судот да ги надоместат трошоците за судската постапка, односно за нивниот спровод од затворите до судот, кои се во износ од околу 13 милиони денари. (Крај)

извор: АлсатМ фото: архива