Biblioteka Ohrid

Продажба на познати едиции во охридската библиотека

Охрид, 3. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – По повод месецот на книгата во Библиотеката „Григор Прличев” во Охрид во продажба ќе бидат пуштени неколку едиции.

– На продажба се следниве едиции: „Ѕвезди на светската книжевност“, „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“, дел од едицијата „Македонски искушенија“, „130 тома македонска книжевност“, „130 тома македонска книжевност на англиски јазик“, „Подготовка, превод, лектура и печатење на 5 дополнителни наслови од проектот 135 тома македонска книжевност“ и „Превод на македонски јазик на дела од албанската и турската книжевност во Македонија“, информираат од охридската библиотека.

Продажбата ќе биде отворена од понеделник, 6-ти, до петок, 10-ти ноември, во Прличевата одаја до 14:00 часот. Преку оваа продажба читателската публика може по многу прифатлива цена да ги набави публикациите од гореспоменатите едиции. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива