heroin

Кривична пријава за стружанец кај кого бил пронајден хероин

Струга, 3. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против 34-годишниот Б.И. од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

– На 8ми февруари оваа година, во 14:00 часот во Струга, при преглед, полициски службеници кај пријавениот пронашле  0,84 грама хероин и 10 ампули од два милилитри „Diazepam“, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива