soobrakajka

Прегазен пешак во Вевчани

Вевчани, 3. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа, околу 18:20 часот, пред продавница во Вевчани се случи сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

– Возило марка „БМВ“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од страна на лицето Ф.П. (19) од селото Вевчани удрила во 53-годишниот пешак С.Р. од истото село. Во незгодата со тешки телесни повреди (фрактура на череп) се здобила С.Р. и по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар во Струга со медицинско возило е испратена во Клиничкиот центар во Скопје на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица од Струга. (Крај)

извор: МВР фото: архива