vilisaratov

Охриѓанецот Вили Котовски во полуфиналето на рускиот фестивал „Гласот на Саратов“

Саратов/Охрид, 5. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот охридски пејач од постарата генерација Вили Котовски влезе во полуфиналето на фестивалот „Гласот на Саратов“.

Станува збор за исклучително популарен фестивал во овј дел на Русија, кој покрива област со над 30 милиони жители.

– Во 1/4 финалето се претставив со песната „Ти си ми у крви“ на Здравко Чолиќ. Ова е за мене голем успех и ќе се потрудам максимално за да влезам во финалето, вели за Супер радио Вили, кој додава дека во првите настапи се претставил со песната „Засвири бато“ на Хари Котларовски со која во 2000 година настапи на „Охрид Фест“.

Котовски е долго време во музичките води. Постарите најчесто го паметат по неговата „лична карта“, песната „Не дам те“.

Повеќе за Вили ОВДЕ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива