zoranstefanovski

Во сообраќајка загина поранешниот прв човек на СРД Зоран Стефановски

Скопје, 6. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска околу еден часот по полноќ во Скопје загина Зоран Стефановски, поранешен претседател на Советот за радиодифузија на Република Македонија.

До несреќата дошло кога Стефановски со својот автомобил „Рено меган“, движејќи се по булеварот „Никола Карев“ излетал од патот и удрил во рекламен билборд, по што веднаш бил пренесен во ГОБ „Свети Наум Охридски“, каде била констатирана смрт. (Крај)

извор: плусинфо фото: архива