nasilstvo1

Кривична за стружанец кој со пепелник ја тепал сопругата

Струга, 6. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 67 годишниот А.П. од Струга, поради основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“.

Казненото дело се случило на 12-ти октомври, кога во семејниот дом во Струга, пријавениот најпрво предизвикал жестока расправија со неговата сопруга. Во момент на нагласена агресивност, сега пријавениот физички ја нападнал сопругата, удирајќи ја со стаклен пепелник по главата и по другите делови од телото, пришто и нанел  телесни повреди. Жената побарала лекарска помош во Општата болница во Струга. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива