akademijanaummiladinov

Со свечена академија ќе бидат одбележани 200 години од раѓањето на Наум Миладинов

Струга, 6. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Свечена академија по повод 200 годишнината од раѓањето на Наум Миладинов ќе се одржи во сабота, 11-ти ноември во големата сала на  Домот на културата „Браќа Миладиновци“ во Струга.

За животниот пат и музичкото творештво на Наум, братот на Димитар и Константин Миладинови ќе говорат проф.Петар Аврамоски и доц. д-р Димитри Кумбароски. Проф. д-р отец Стефан Санџакоски ќе беседи на тема „Наум Миладинов – маркантен и светлозарен претставник на православаната философија на животот според Богочовекот Христос“. Свој музички настап ќе има правнукот Христијан Миладинов.

akademija_naum_miladinov_1_360x640

Во склоп на програмата предвидено е концерт да одржи Хорот „Калистрат Зографски“.
Почетокот на академијата е закажан за 19:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива