improvokacija4

Во сабота нова епизода „Импровокација“

Охрид, 6. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, 11-ти ноември на репертоарот на Охридскиот народен театар е нова епизода на театарската импровизација „Импровокација“.

И во оваа трета сезона импровокатори се Никола Тодороски, Стрезо Стаматоски и Филип Кипровски, а сцената е добро позната, подрумските простории во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Актерите откриваат дека „Импровокација“ има и нов член, кој публиката ќе го дознае во сабота.

Картите од денес се пуштени во продажба во музичката продавница Зизи Топ, по цена од 150 денари, а на денот на шоуто ќе чинат 200 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива