SVROhrid

Кривична за 18 годишник од Косел кој кршел прозорци и се обидел да запали стан

Охрид, 8. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 18 годишниот Х.Б. од охридското село Косел, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“.

Пријавениот, казненото дело го сторил на втори минатиот месец со фрлање камења врз стан лоциран на улицата „Ванчо Николески“ во Охрид. Тој, најнапред во 01:00 часот, а потоа и во 02:40 часот, фрлил камења кон прозорците од станот и ги скршил, по што веднаш избегал од местото. За време на увидот во станот, пријавениот на влезната врата од станот фрлил запалива материја од која се запалил дел од влезната врата.

Полициските службеници кои вршеле увид во станот веднаш интервенирале, го локализирале пожарот, а потоа и целосно го изгаснале.

извор: СВР Охрид фото: архива