policija4

Полицијата пронајде паковка со марихуана кај охриѓанец

Охрид, 8. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишниот Ц.М. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Пријавениот на 26-ти април годинава, на паркинг простор пред зграда на улица „Јане Сандански”, при пристапување на полициски службеници, од неговото возило, фрлил најлонска паковка со 23,9 грама марихуана. (Крај)

извор: МВР фото: архива