pozarnagradezen

Пожар на Градежниот факултет во Скопје

Скопје, 9. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Пожар избувна претпладнево во зградата на Градежниот факултет во Скопје.

Единици на територијалната противпожарна единици на Град Скопје се уште го гаснат пожарот.

Според командатот на територијалната противпожарна единица на Град Скопје Ѕвонко Томевски, огнот зафатил три простории на вториот кат од Градежниот факултет, каде всушност се наоѓаат кабинетите на професорите.
Засега нема информации за тоа дали внатре имало некој кога избувнал пожарот.

Не се знаат ниту причините за избувнување на пожарот. На местото на настанот пристигна и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. (Крај)

извор: Телма фото: twitter