rumorshop

Охридски Румор во скопската галерија „Акантус“ ќе ја претстави колекцијата Rumor Limited

Скопје/Охрид, 10. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Mодната куќа Румор од Охрид денес во скопската галерија „Акантус“ ќе ја претстави колекцијата Rumor Limited.

Презентацијата ќе започне во 17:00 часот, по што колекцијата ќе биде постојана достапна во оваа галерија. Румор со својата „ин хаус“ колекција сезонавa ја потенцира поддршката за победа на хуманизмот во светот и истата преку призма на модата, со елементи на традиционалното македонско знаeње го претставува на ултра модерен начин.

rumor (1)

– Покрај парчиња од колекцијата Rumor Limited достапни ќе бидат и модели на Risto Paris, We Are Owls NYC, Monographie Paris, Uniqlo Tokyo, Sidian, Erstaz&Vanes Notthingham и Citizens of Humanity, LA кои ќе бидат дополнувани секои две недели за да се овозможи варитет и избор за нашите клиенти, велат од Румор. (Крај)

извор: www.stylist.mk фото: www.stylist.mk