policijaopsta

23-годишен охриѓанец претепал сограѓанин

Охрид, 11. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 23-годишниот О.М. поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“.

– Пријавениот, казненото дело го сторил на 22-ри минатиот месец, во 23:40 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид. Со употреба на звучни сигнали, тој успеал да сопре патнички автомобил марка „Форд Фокус“ со охридски регистарски таблици управувано од страна на лицето М.У. од Охрид. Пријавениот, со раце и нозе започнал да удира по каросеријата од возилото, а потоа го скршил стаклото од задната шофершајбна. Во еден момент, пријавениот О.М. ја отворил предната лева врата од возилото и физички го нападнал возачот М.У. удирајќи го со тупаници во пределот на главата и стомакот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива