benzini2

Поскапуваат бензините и дизелот

Скопје/Охрид, 13. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од ноќеска на полноќ безините и дизелот ќе имаат нови, повисоки цени.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажната цена на Еуросупер БС-95 поскапува за 2,50 денари и новата цена ќе биде 66,50 денари, а  литар Еуросупер БС-98 поскапува за три денари и од полноќ ќе се точи за 68,50 денари.

Еуродизел (Д-Е V) поскапува за два денари и ќе се продава за 54 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 42,50 денари за литар.

За 2,556 денари поскапува и мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 29,351 денари. Овие цени ќе важат во наредните 14 дена. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива