Le BronKanter

НБА: Кливленд се врати од -23 и победи во Њујорк (ВИДЕО)

Њујорк, 14. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кливленд постигна дури 43 поени во последната четвртина, се врати од -23 негатива и го победи Њујорк Никс на негов терен со 104:101.

Kливленд добро го почна натпреварот и ја доби првата четвртина со 25:22. Но во вториот период реализираше само 13 поени. Њујорк направи комплетен пресврт а во тратата четвртина имаше водство и од 73:50.

Следуваше будење на Кливленд со неверојатна игра во последниот период, негативата од 23 поени беше анулирана и на крајот дојдоа до победа од 104:101.

На Леброн Џејмс му фалеше еден скок за трипл-дабл. Натпреварот го заврши со 23 поени, 12 асистенции и девет скока. Најефикасен во составот на Њујорк беше Хардавеј со 28 поени.

Резултати:

Вашингтон – Сакраменто 110:92
Њујорк – Кливленд 101:104
Милвоки – Мемфис 110:103
Њу Орлеанс – Атланта 106:105
Феникс – ЛА Лејкерс 93:100
Јута – Минесота 98:109
Портланд – Денвер 99:82
Голден стејт – Орландо 110:100
ЛА Клиперс – Филаделфија 105:109. (Крај)

извор: Мкд.мк фото: архива