ferplej3

Бесплатен едукативен семинар на ФФМ утре во Охрид

Охрид, 14. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалската федерација на Македонија во соработка со клубовите, утре во Охрид ќе одржи бесплатен едукативен семинар наменет за родителите чии деца тренираат фудбал.

Ќе се одржат неколку предавања од неколку еминентни и признати стручни лица. Како предавачи ќе присуствуваат директорот на центарот за едукација на ФФМ, Небојша Маркоски, техничкиот директор и поранешен селектор на македонската репрезентација, Зоран Стратев, генералниот секретар на ФФМ Филип Попоски, главниот координатор на детските лиги Бојан Маркоски, како и професорите на Факултетот за физичка култура Ленче Алексовска и Ванчо Поп Петрески.

На семинарот акцентот ќе биде ставен на концептот и идејата на детската лига и улогата на тренерите и родителите, за психологијата на младите спортисти, како и односот тренер – родител. Посебен осврт ќе има на исхраната на младите спортисти.

ferplej2

Семинарот ќе се одржи во хотелот „Милениум палас“, во терминот од 09:30 до 15:30 часот. Секој родител ќе добие сертификат за учество на семинарот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес