tortapaunanabela1

Тортијада во Охрид по 22-ри пат

Охрид, 14. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – По 22-ри пат во организација на женскиот центар „Бисера“ и годинава ќе се одржи традиционалната „Тортијада“.

Манифестацијата ќе се одржи во петок, 17-ти ноември, во хотелот „Нова Ривиера“ со почеток во 20:00 часот.

Охридските слаткарници, но и домаќинки повторно ќе ги претстават своите торти и слатки специјалитети. Влезниците за тортијадата се пуштени во продажба и можат да се набават на рецепција во хотел „Нова Ривиера“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива