Свет

Повредени 50 лица од гром во Еквадор

Кито, 28. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Педесет и две лица настрадаа откако молња удри во објект на полициска академија, која се наоѓа во близина на еквадорската престолнина Кито.

Од нив 15 се хоспитализирани, а на останатите им е укажана помош, пренесоа светските новински агенции.

Тие влегувале во кантината, кога биле удрени од гром.

Во јануари во сличен инцидент загина семејство во провинцијата на границата со Перу. (Крај)ж

извор: АФП фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука