zimskigumi

Од денес задолжително носење на зимска опрема

Охрид, 15. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од утре, па се до 15-ти март следната година, согласно одредбите од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возачите на сите моторни возила и работни машини кои учестуваат во сообраќајот на патиштата во и надвор од населени места, се должни покрај останатата опрема да ја поседуваат и пропишаната зимска опрема.

– Соогласно Правилникот за уреди и опрема, под зимската опрема за моторните и приклучните возила како и работните машини, се подразбира поседување на пневматици (гуми) за зимска употреба (М+S) на погонските тркала или радијални пневматици на сите тркала со летен профил, на кои длабината на шарите на спојот што гази по обем и ширина мора да изнесува 4 мм, но притоа во возилото да има и синџири за погонските тркала. Доколку возилото има летен профил на пневматици, задолжително треба да има синџири за снег на погонските тркала. Под поседување на пропишана зимска опрема во автобусите и тешките товарни возила се подразбира, покрај поседувањето на горенаведената зимска опрема во истите да има и лопата. Според пропишаните законски одредби, забрането е на моторните возила да се поставуваат пневматици со клинци, информираат од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Согласно одредбите на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, глоба од 15 евра во денарска против вредност во мандатната постапка, ќе му се изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбите на Законот односно кој во наведениот временски период не поседува пропишана зимска опрема. учесници во сообраќајот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива