lejlacorner

Гогова: Концептот „Румор“ е во чекор со светските модни движења

Охрид, 16. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ја познаваме како лице од ТВ екраните, но причината за денешното гостување во радио Кoрнер беше тоа што Лејла Гогова многу успешно плови во модниот свет.

Таа е дизајнер на облека и заедно со познатиот охридски дизајнер Алек Бимбиловски стојат зад модниот концепт РУМОР. Викендов беа дел од ревијата „Направено во Македонија: Современ дизајн накитен со минатото”, која се случи во Скопје на иницијатива на сопругата на американскиот амбасадор во Македонија, г-нот Џес Бејли. За впечатоците по ревијата, за перманентната присутност на охридскиот бренд „Румор“ во Скопје, преку Галеријата Акантус и за други теми прочитајте повеќе во во денешното радио-интервју за Супер радио.

Супер радио: Имавте свои креации на ревијата „Направено во Македонија: Современ дизајн накитен со минатото”, каде го претставивте концептот РУМОР. Какви се впечатоците од ревијата?

Гогова: Уште се многу свежи впечатоците од ревијата. Секогаш е предизвик да се биде дел од нешто поголемо, бидејќи така можеш да ја согледаш позицијата на која се наоѓаш. Инаку ревијата започна со нашиот концепт „Румор“. Убаво си поминавме, задоволни сме од организацијата и од презентацијата, како на нашите, така и на моделите од другите дизајнери.

rumorrevija1Супер радио: Колку кратори се претставија на ревијата? Имаме ли доволно вакви промо настани во Македонија и зошто се тие значајни?

Гогова: Триесет и шест модели продефилираа помеѓу витрините од Етнолошката поставка во креации на 12 македонски дизајнери, инспирирани од носијата на македонската жена. Секој креатор имаше по три креации. Што се однесува до бројот на вакви настани, мислам дека ги има довлно, но поважен е квалитетот од кавантитетот на настаните. Важно е тие да се одлично огранизирани и да им овозможуваат на дизајнерите да ги претстават своите колекции на најдобар можен начин.

rumorrevija2Супер радио: Што сакавте да потенцирате преку креациите кои ги презентиравте на ревијата?

Гогова: „Румор“ со својата ин хаус колекција оваа сезона ја потенцира поддршката за победа на хуманизмот во светот која преку призма на модата, со елементи на традиционалното македонско знаење го претставува на ултра модерен начин. Тоа, мојот партнер Алек Бимбиловски со помош на младата охридска дизајнерска Есма Казим го преточи во три крации, два женски и еден машки модел, кои на ревијата наидоа на посебен интерес од публиката, токму заради нивната уникатност.

rumorrevija3Супер радио: Кој е Вашиот личен став, заостануваме, предничиме, држиме ли чекор со регионот и светот кога станува збор за модата?

Гогова: Концептот „Румор“ е дефинитивно во чекор со светските модни движења и еве веќе скоро една година ги промовираме истите. Имаме изградени креатори, со свој личен печат, а последниве години и млади креатори, кои допрва ќе го трасираат патот. Сепак за успех потребна е и храброст, да се биде различен и да се понуди нешто ново и уникатно.

rumorrevija4Супер радио: „Румор“ се вика и вашиот бренд облека која ја креирате, но и мултибренд продавницата во која може да се најдат ексклузивни парчиња облека и накит. Покрај Вашата линија, кои се други брендови се дел од „Румор шоп“?

Гогова: Идеата беше „Румор шоп“ кај нас да го донесе она што е актелно во светот. Покрај парчиња од колекцијата Rumor Limited, достапни se и модели на Risto Paris, We Are Owls NYC, Monographie Paris, Uniqlo Tokyo, Sidian, Erstaz&Vanes Notthingham и Citizens of Humanity LA.

rumorrevija5Супер радио: „Румор“ често изложуваше во скопската галеријата Акантус. Но отсега тоа ќе биде не привремена точка, туку перманентна точка за продажба на охридскиот „Румор шоп“.

Гогова: Искрено ние дојдовме до галеријата „Акантус“ на барање на нашите клиенти од Скопје, кои да признам ги имаме во голем број. Екипата која стои зад галеријата Акантус совршено одговараше на она што нам ни беше потребно. Претходно направивме две „попап“ продажни изложби кои одлично поминаа. Тоа ни даде идеја да продолжиме со перманентна присутност и во Скопје. Rumor Limited колекцијата и другите колекции кои ги застапуваме ќе бидат надополнувани на секои две недели. На тој начин она што го имаме во Охрид во „Румор шоп“, сега ќе биде достапно и во Скопје.

Емисијата „Радио Корнер“ се емитува секој работенден од 12:00 до 14:00 во живо од Бистро „Корнер“. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/Румор Шоп