Kosarkari

Во квалификациите кошаркарите без Трајковски и Антиќ

Скопје, 19. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков дефинитивно во квалификацискиот циклус ќе мора да настапи без двајцата центри Перо Антиќ и Бојан Трајковски.

Антиќ во интервју за „Еурохупс“ изјави дека нема да го облече „црвено-жолтиот“ дрес, бидејќи тој одамна се пензионирал.

„Јас се пензионирав на 30 години. Тие го ставија моето име на списокот, бидејќи сакаат да докажат нешто“, рече Антиќ.

Центарот на МЗТ Скопје Бојан Трајковски нема да игра поради повреда на препоните.Подготовките стартуваат утре а на списокот е Бо Мекејлеб за кого Антиќ очекува дека ќе игра во овој циклус. (Крај)

извор: Сител фото: архива