pozarpateka1

Безживотно тело пронајдено во водите на езерото кај каналот „Студенчишта“

Охрид, 18. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Безживотно тело е забележано во водите на Охридското Езеро во близина на плажата „Бафало бич“ кај мостот на каналот „Студенчишта“.

Телото, во 11:55 часот го забележал случаен минувач кој се движел на пешачката патека од мостот кај каналот „Студенчишта“ кон „Парк“ на околу два метри оддалеченост од брегот. Настанот веднаш го пријавил во езерската полиција. На посоченото место е извршен увид предводен од Јавен обвинител и полициски екипи од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архив