tortaanabela3

Тортата „Мала шмизла“ на „Анабела“ најдобра на годинешната „Тортијада“

Охрид, 18. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Тортата „Мала шмизла“ на слаткарата „Анабела“ е прогласена за најдобра на годинешното 21-во издание на традиционалната манифестација „Тортијада“ кое се одржа синоќа во хотелот „Нова Ривиера“.

И годинава охриѓанки се натпреваруваа во две категории – професионалци и аматери.

tortaanabela1наградената „Мала шмизла“ на „Анабела“

Жири комисијата во состав: проф. Гордана Речкоска, проф. Ангела Крстаноска Василевска и Наташа Спасеска Цветкоска одлучија првата награда во категоријата професионалци да замине во рацете на слаткарките на престижната слаткара „Анабела“, дел од брендот „Тамаро“, второто место го доби тортата „Свето писмо“ од слаткарница „Теодина“ и третото место замина кај тортата „Чизкејк“ од слаткарата „Фрутибокс“. Кај аматерите, најдобра беше тортата „Замок“ направена од Валентина Адамова, пред тортата „Новогодишна идила“ на Македонка Дервушоска и тортата „Кочија“ на Катарина Љубичиќ.

tortaanabela2Манифестација се одржува во организација на Здружението на жени „Бисера“ од Охрид со помош на нашата иселеничка во странство Мирјана Тодоровска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива