vodacesma

Центар за јавно здравје: Водата во Струга останува небезбедна за пиење

Струга, 19. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – И денешните контролни анализи на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга покажаа дека таа и понатаму е небезбедна за пиење.

По однос на параметарот – резидуален хлор (дезинфекционо средство) и матност, мерењата што ги изврши Центарот за јавно здравје од Охрид покажаа дека водата од градскиот водовод содржи доволно количество на дезинфекционо средство (резидуален хлор), но матноста останува над законски дозволената и пропишана вредност.

– Тоа значи дека водата од градскиот водовод во Струга се` уште не е здравствено безбедна за пиење. Состојбата постојано се следи и јавноста ќе биде известена кога состојбата со квалитетот на водата ќе се нормализира, информираат од охридскиот Центар за јавно здравје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива