vozopsta

Скопје и Охрид ќе се поврзат со пруга?

Охрид, 22. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дали конечно Скопје и Охрид ќе се поврзат со пруга? Изготвен е проектот за изградба на пруга од Кичево до албанскиот град Лин, кој предвидува и крак до Охрид. Се работи за железничка линија долга 63 километри, која според првичните проценки ќе треба да биде готова до 2030 година.

Министерот за транспорт, Горан Сугарески, во изјава за Сител вели дека ќе се гради модерна електрифицирана пруга, а на албанска страна пруга до Лин веќе има. Со завршувањето на пругата до Албанија конечно ќе изградбата на железничкиот дел од Коридорот 8. (Крај)

извор: Тв Сител фото: архива