Спорт

НБА: Мајами ја прекина победничката серија на Бостон

Мајами, 23. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на Бостон беа на пат да направат уште еден голем пресврт. Овој пат, сепак, Селтикс загубија од Мајами со 98:104, со што беше прекината серијата од 16 последователни победи.

Серијата од 13 последователни поени ги доближи „детелините“ до 90:91 на повеќе од 3 минути пред крајот, кога Дион Вејтерс излезе на сцената.

Бекот на „жешките“ постигна тројка со многу среќа, бидејќи топката се удри во обрачот, во горниот дел на семафорот и повторно во обрачот, пред да влезе, а потоа нанижа уште 3 поени од аголот за да направи 97:90 и за да се осигури дека Бостон ќе загуби за прв пат од 18 октомври.

https://youtu.be/o0K8_N4Rjfg

Бекот заврши со 26 поени, а Горан Драгиќ додаде 27 за успехот кој го подобри скорот на Мајами Хит до 8-9, но тие остануваат непостојани, откако во претходниот дуел загубија од Индијана дома со 25 поени разлика.

„Едноставно дојде крајот на нашата серија. Беше убаво, но вечерва ривалот ја сакаше повеќе победата и играше со потребната енергија за да го постигне тоа“, изјави Кајри Ирвинг, кој постигна 23 поени за Бостон.

Останати резултати:

Филаделфија – Портланд 101: 81
Кливленд – Бруклин 119: 109
Оклахома – Голден Стејт 108 : 91
Шарлот – Вашингтон 129: 124 (прод)
Атланта – ЛА Клиперс 103: 116
Њујорк – Торонто 108: 100
Минесота – Орландо 124: 118
Мемфис – Далас 94:95
Хјустон – Денвер 125: 95
Њу Орлеанс – Сан Антонио 107: 90
Феникс – Милвоки 107: 113 (прод)
Јута – Чикаго 110: 80
Сакраменто – ЛА Лејкерс 113: 102. (Крај)

извор: Локално.мк фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука