marcusnovisad

Нов пехар од „Нови Сад Денс Фест“ за студиото за танц „Соната“

Охрид, 24. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на охридскиото студио за танц „Соната“, минатиот викенд остварија одличен успех во склоп на деветтото издание на интернационалниот танцов натпревар „Нови Сад Денс Фест“.

Како и минатата година, така и оваа „Соната“ успеа да се искачи на врвот, а овој пат го освои првото место во категоријата Hip Hop Solo Kids и тоа благодарение на извонредниот настап на 10-годишниот Маркус Голев Мабуа.

Маркус, заедно со своите кореографи Владимир Тодоровски и Михаил Талев, беше гостин во „Радио Корнер“ со Александра Алексијевска, каде рече дека хипхопот му е во „крвата“ и дека со сигурност и во иднина ќе продолжи да се занаимава со танц.

– Ова е втор пат кај што се учествувам на „Нови Сад Денс Фест“. И лани и оваа година се натпреварував во иста категорија, а тоа е Hip-Hop Solo Kids. Лaни освоив медал за второ место, а годинава имав повеќе искуство, тренирав многу повеќе и го освоив пехарот за првото место. Беше многу забвано и патувањето и натпреварот. На сцената се појавив со тротинет, изјави Маркус.

marcuscorner2Покрај симпатиите на интернационалното жири во Нови Сад, претходно Маркус ги освои симпатиите кај гледачите, преку телевизиското талент шоуто OhridSUPERSTAR, каде беше дел од танцовата група „The Passengers“, кои ја зедоа правата награда од публиката. Маркус рече дека OhridSUPERSTAR за него бил и голем предизвик и големо искуство, но сепак ако треба да биде искрен, тој сепак повеќе сака да танцува соло, отколку во група, иако и двете ги доживува како голем предизвик.

Наградената  кореографија на Маркус ја подготвија охриѓаните Владимир Тодоровски и Михаил Талев. Тие велат дека преку своите кореографии сакаат да го пренесат своето знање на помладите со кои делат иста пасија кон хип-хоп танцот. За Маркус велат дека е многу талентиран, одличен ученик и дека многу брзо ги совладува предизвиците во кореографиите.

– Потребни ни беа месец и половина за да ја изготвиме и увежбаме самата кореографија. Не беше тешко, зошто Маркус е одличен ученик, многу добро и многу брзо ги совладува чекорите и можеби најважното е што вистински и од срце го сака танцот, рече Владимир.

Михаил и Владимир заеднички ја подготвувале кореографијата за Mаркус, но Михаил се откажал од патувањето во Нови Сад, за токму истиот викенд да се натпреварува на „Битрикс танцовата лига“ во Скопје.

– Стигнав до финалето на „Бит Мејкин Бетл“. Иако имавме ист број поени со првопласираната, сепак јас го освоив второто место, поради тоа што мојот битмејкер имаше помалку поени од битмејкерот на првопласираната танчерка, рече Михаил.

marcuscorner1За идните предизвици и натпревари на студиото „Соната“, Владимир вели дека тие ќе бидат во корелација со тоа дали ќе се обезбедат финансиски средства, кои бар делумно би ги покриле трошоците околу самите патувања за натпреварите.

– Засега наши спонзори се нашите родители, кои финансиски ни ги овозможуваат натпреваруваањата каде го претставуваме градот, државата и го вееме македонскoто знаме. Ние напорно тренираме, даваме се од себе, но секој настап надвор од државата чини многу и нека биде ова и еден апел до охридкските компании и индивидуалци кои се во можност да ни дадат финансиска подршка за релизација на нашите планови за уште поголеми успеси од значајни интернационални танцови натпревари, апелира Владимир.

Во неверојатно голема и тешка конкуренција забележителен бил и настапот на останатаите групи од „Соната“. FuZion за само 0,4 поени не го освои третото место, Леа Дојчиноски заврши четврта, хипхоперите кои имаа групен настап беа деветти, а латино танчерите во категоријата Open го освоија десеттото место.

Oд „Соната“ велат дека годинава во конкуренција биле 632 кореографии или повеќе од 3.500 танчери од цала Европа, а и оваа година имало претставници, не само од европските земји, туку и од Јужна Африка.

bistrocorner1Емисијата „Радио Корнер“ се емитува секој работен ден од 12:00 до 14:00 во живо од Бистро „Корнер“. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес