jazzinn28

Култниот охридски Jazz Inn во среда го прославува 28. роденден

Охрид, 26. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Едно од најкултните места за излегување во Охрид, место каде многу генерации го „штимале“ музичкиот вкус, охридскиот Jazz Inn наскоро ќе го прослави 28. роденден.

– Драги наши џезери и најмили џезерки. Во личната карта на Jazz Inn пишува дека се родил на 29-ти ноември 1989 година. Трезните математичари пресметале дека во среда, Jazz Inn ќе наполни 28 години, порачуваат од Jazz Inn и додаваат дека роденденот ќе го прослават со посебно ниски цени, гратис мезе и благо, а дека тема на вечерта ќе биде Swing.

Jazz Inn останува едно од омилените места за излегување, кое остана доследно на својата приказна и стилот кој го негува полни 28. години. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива