vmrostabskopje

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија протести пред Основниот суд Скопје

Охрид, 28. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – ВМРО-ДПМНЕ денеска е на удар на антидржавната хунта на Зоран Заев, стои во официјалното соопштение од партијата, откако денес Основното јавно обвинителство покрена истрага против 36 луѓе поради основано сомнение за сторено кривично дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ од член 313 од Кривичниот законик за кое е предвидена казна од најмалку 10 години затвор.

– Полицијата упадна во домовите на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, членови на Извршниот комитет, поранешни функционери на партијата и други јавни личности. Полицијата по наредба на Зоран Заев не го почитуваше пратеничкиот имунитет, туку единствено политичките наредби за пресметка со неистомислениците. Денешниот упад и приведувањето на функционери на ВМРО-ДПМНЕ се обид да биде замолкната опозицијата и да се скрши отпорот на партијата против сите антидржавни политики што владата ги реализира периодов. Во момент кога владата разгледува предлог закон за ослободување на криминалците од затвор, кога се најавува ослободување на убијците од Смилковско езеро и кога убијци се шетаат слободни по улиците, Зоран Заев нарачува политички прогон врз ВМРО-ДПМНЕ заради наводно терористичко загрозување на уставниот поредок. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите членови и симпатизери на партијата и сите граѓани кои не се согласуваат со антидржаната политика на владеачката хунта да излезат на протест пред основниот суд Скопје во 13:30 часот, реагираат од партијата.

Приведувањето на осомничените уследи по завршување на предистражната постапка.

sobranie27april1Во Основниот суд Скопје 1 на распит пред Истражен судија се доведени поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков, пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и неколку организатори на протестите „За заедничка Македонија“. Во акцијата на полицијата, покрај поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност биле приведени и охриѓаните Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, како и Крсто Мукоски од Вевчани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива