katastar

Услугите на катастарот се намалуваат од 28 до 90 отсто

Скопје, 29. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија, на редовната, 40-та, седница ја усвои информацијата на Агенција за катастар на недвижности за изменување и дополнување на Тарифникот за висина на надоместокот за повеќе услуги на катастарот.

Со предложените измени, цените на услугите на Агенција за катастар на недвижности за различни услуги се намалуваат од 28 до 90 отсто. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива