ohridavgust20171

Работна група ќе изработи акциски план за постапување по одлуките на УНЕСКО за Охрид

Скопје, 29. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија на последната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во однос на состојбата со природното и културното наследство на Охридскиот регион.

Таа го задолжи Министерството за култура да формира работна група со цел изработка на акциски план за постапување по одлуките кои произлегуваат од 41-та сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива