kniginovibiblioteka_640x360

Книжниот фонд во охридската библиотека збогатен со уште неколку наслови

Охрид, 29. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Книжниот фонд во Националната Установа библиотека „Григор Прличев“од Охрид од денес е побогат со уште неколку наслови.

Љубителите на пишаниот збор ќе можат да одберат некој од следните наслови: „Мистерија” од Федерико Аксат, „Крововите на Техеран” од Махбод Сераџи, „Кафка на брегот” од Харуки Мураками, „Да се сретнеме во Венеција” од Елизабет Адлер, „Граница” од Луан Старова, „Поглед полн синило” од Катерина Серафимовска, „И кој и да ме сретне” од Отар Чиладзе, „Ненаситност” од Станислав Игнаци Виткевич, „Годината на смртта на Рикардо Реиш” од Жосе Сарамаго и „Александар Македонски. Наследникот на власта” од Нелја Гулчук, информираат од охридската библиотека. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива