govorotnateloto

Денес ќе биде промовирана првата книга за говорот на телото

Охрид, 30. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денеска напладне во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи промоција на првата книга за говорот на телото на македонски јазик од проф. д-р Зендел Абедин Шехи.

Книгата „Говорот на телото“ претставува навигациски водич за невербална комуникација. Во книгата се зборува за историјата на невербалната комуникација, нејзината природа, еволуција на говорот на телото.

Покрај во Охрид, книгата утре со почеток во 18:00 часот ќе биде промовирана и во Струга, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива