struga

Струга домаќин на форумот „Децентрализизацијата повторно во фокус”

Струга, 30. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Попладнево во Струга ќе биде отворен дводневниот форум „Децентрализизацијата повторно во фокус”.

На отворањето ќе присуствуваат министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, заедно со шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар и постојаната претставничка на УНДП, Луиза Винтон.

Ќе учествуваат и градоначалниците на сите 80 општини. Конференцијата ќе се одржи во хотелот „Изгрев“, со почеток во 16:00 часот.

За утре на конференцијата е најавено и учеството на премиерот Зоран Заев. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива