Baal_pretstava_640x360

„Баал“ нова премиера на Охридскиот народен театар

Охрид, 30. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во вторник, 5-ти декември премиерно ќе биде изведена новата претстава „Баал“ на Народниот театар од Охрид.

Претставата е работена по текст на Бертолт Брехт, а во режија на Андрај Цветановски.

– Нашиот Баал е приказна за борбата на поединецот со маските на општеството, битка со лицемерието и лажните морални вредности, но и дуел со самиот себе си, со својот внатрешен глас, со сите разговори со својата совест 5 минути пред да си легнеме. Конфликтот на најголемиот антијунак со својот човек во себе, судирот меѓу нагонот и рациото на отфрлениот во општеството, вели режисерот Цветановски.

Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Јасмина Билаловиќ, Адријана Билаловиќ Тодороска, Дамјан Цветановски, Стрезо Стаматовски, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Павел Маслов, Филип Кипровски и Тони Денковски.

Премиерата на „Баал“ е со почеток во 20:00 часот. Покрај тоа предвидена е и претпремиера, закажана за  понеделник 4-ти декември во 20:00 часот.

Картите за двете претстави се веќе пуштени во продажба, по цени од 200 денари за претпремиера и 300 денари за премиера. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива