martinidealna

Мартин Мила се враќа на сцената со „Идеална“ (Видео)

Скопје, 30. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Две години по издавањето на песната „Инсомниа“, Мартин Мила се враќа со нов сингл насловен како „Идеална“.

– Идеална ќе ве насмее од срце. Зошто? Затоа што го опишува животот кој го живеат денешните генерации од „понежниот пол“. Веќе подолго време на моите настапи луѓето ме прашуваа кога ќе извадам нова песна, но најинтересното е тоа што кога ќе ги прашав каква да биде, сите ми одговараа со: Сите ти се ок, ама таа со „ќерката и седмоседот“ ти е закон – („Парис“), па затоа по 2 години, еве Ви ја „Идеална“, и се надевам дека ќе ве насмее исто онолку колку што Ве насмеа и „ќерката на столарот“. Уживајте, вели Мартин. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива