SilkRoadBanka2

Разбојникот од „Силк роуд“ банката заминал со плен од 50 илјади денари

Охрид, 30. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Секторот за внатрешни работи од Охрид презема засилени мерки за пронаоѓање на сторителот на казненото дело „разбојништво“ извршено денеска во „Силк роуд“ банката лоцирана на пресекот на булевар „Македонски просветители“ и улицата „Димитар Влахов“ во Охрид.

– Засега непознатиот сторител, денеска во 10 часот и 47 минути, со капа на главата и вооружен влегол во банката преку влезната врата и кога се приближил до шалтерот, побарал да му бидат предадени сите пари. Тоа, од страна на вработените било направено по што, засега непознатиот сторител, излегол низ влезната врата. На местото на настанот, извршен е криминалистичко-технички увид под водство на Јавен обвинител и полициски екипи. Со извршувањето на казненото дело, направена е материјалната штета околу 50.000 денари, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес