kradec1

Кражба во куќа во Струга, предизвикана штета од 2 000 евра

Струга, 1. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Т.Н.(28) од Струга, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

На 10-ти ноември во куќа во Струга сопственост на И.А.(55), пријавениот со употреба на подесен предмет извршил тешка кражба, од каде одзел телевизор, облека , мобилен телефон, ДВД, звучници, пари и злато со што била причинета материјална штета од 120.000 денари.(Крај)

извор: МВР фото: архива